Прв чекор за добивање на услуги на старосна нега кои се финансирани од владата е да се јавите на My Aged Care на 1800 200 422.
Вработените од нашиот центар за контакти со клиенти ќе зборуваат со вас за вашите потреби и околности. Ако сметаме дека My Aged Care службата може да помогне, ќе ве упатиме за проценка лице во лице.
Нашите вработени се сите обучени да зборуваат со луѓето во различни ситуации и се спремни да одговорат на вашите прашања за да ви помогнат да се изнајдат најдобрите опции за вас.
Што ми е потребно кога ќе се јавам?
Имајте ја вашата здравствена Medicare картичка при рака за да ни e полесно да разговараме за вашите потреби. Телефонскиот разговор трае најмалку 10 минути, па затоа погрижете се да си дозволете малку слободно време.
Што се случува во текот на телефонскиот разговор?
Наш приоритет е да ви ја обезбедиме помошта која ви е потребна. За да го сториме ова, ќе ве прашаме за:
- вашето здравје
- како се справувате дома
- било која поддршка што моментално ја добивате.
Вашите одговори ќе ни помогнат да ги разбереме вашите потреби, и можеби ќе ве упатиме на проценка лице во лице.
Можеме да чуваме запис од разговорот, така што не ќе морате да ни ги давате истите информации повторно при вашата проценка.
Кој може да ме поддржи?
Член на семејството, пријател, или негувател може да присуствува во текот на телефонскиот разговор. Со ваша дозвола, и тие можат да зборуваат во ваше име.
Ако сакате некој да зборува и дејствува во ваше име на постојана основа, можете да го назначите за ваш претставник со My Aged Care. Ова ќе им овозможи на My Aged Care да зборуваат со лицето во врска со вашата старосна нега.
Застапувачки услуги
Можете да добиете помош од застапник преку Older Persons Advocacy Network (OPAN). Со ваша согласност, застапникот може да зборува со My Aged Care во ваше име.
Што ќе се случи откако ќе се јавам?
Со информациите што ќе ни ги дадете, ќе ве известиме дали ги исполнувате условите за проценка лице во лице. Оваа проценка може да одреди што точно ви е потребно.
Ако имате неодложни потреби, можеме да ве упатиме да добивате услуги пред вашата проценка.
Услуги за комуникација
Службата за писмено и усмено преведување (TIS) е достапна доколку ви е потребна помош или сакате да комуницирате на друг јазик од англискиот.
За повеќе информации, обратете се до My Aged Care на 1800 200 422 (помеѓу 8 ч. наутро и 8 ч. навечер од понеделник до петок, или од 10 ч. наутро до 2 ч. попладне во сабота). Ние ќе обезбедиме преведувач за да ви одговориме на прашањата.
Исто така можете да се јавите на TIS на 131 450. TIS опфаќа преку 160 јазици и е достапен 24 часа дневно, 7 дена неделно, по цената на локален телефонски повик.
TIS ќе организира преведувач да ви помогне да зборувате со My Aged Care.