Ако зборувате на јазик кој не е англиски или ви треба поддршка, ние можеме да ви помогнеме да добиете информации кои ви се потребни во врска со старосната нега.
Вашиот јазик
Служба за писмено и усмено преведување (TIS на Национално ниво)
Лицата кои потешко го зборуваат или разбираат англискиот јазик можат да се јават во My Aged Care преку Службата за писмено и усмено преведување (TIS на Национално ниво) на www.tisnational.gov.au по цена на локален повик:
- Јавете се на TIS Национално ниво на 131 450
- Кажете му/и на операторот на кој јазик зборувате
- Замолете го преведувачот да се јави на My Aged Care на 1800 200 422. Можеби ќе треба да почекате на линија за преведувач, или операторот можеби ќе треба да ви се јави назад штом преведувачот ќе биде достапен.
Кога ќе зборувате со преведувачот, тој/таа ќе се јави во My Aged Care за вас и ќе го преведе вашиот разговор.
Исто така можете да ја посетите веб страната на National Accreditation Authority for Translators and Interpreters (NAATI) (Национална служба за акредитирање на лица за писмено и усмено преведување) на www.naati.com.au за повеќе услуги.
Информативни листови за старосна нега
Информативните листови за старосна нега можете да ги најдете на 22 јазика на веб страната на My Aged Care на myagedcare.gov.au/accessible-all, вклучувајќи:
Arabic / عربي
Hrvatski / Croatian
Nederlands / Dutch
Deutsch / German
Ελληνικά / Greek
हिन्दी / Hindi
Magyar / Hungarian
Italiano / Italian
한국어 / Korean
Македонско / Macedonian
Malti / Maltese
Русский / Russian
Српски / Serbian
普通话 / Simplified Chinese (Mandarin)
Español / Spanish
廣 東 話 / Traditional Chinese (Cantonese)
Tiếng Việt / Vietnamese
Arrernte, Pitjantjatjara, Torres Strait Creole (Yumplatok) and Warlpiri
Поддршка за лицата со оштетен слух и вид
Обезбедуваме информации за лица со оштетен слух или вид.
- My Aged Care е достапна веб страна која може да ги подржува повеќето корисници
- Пријател или член на семејството може да зборува со My Aged Care за вас откако ќе стане ваш застапник
- Ако сте глуви или имате оштетен слух или говор, можете да контактирате со My Aged Care преку National Relay Service (Национална служба за врски за лица со оштетен слух или говор)
- Ако имате оштетен вид, информациите можете да ги добиете преку вработените во Центарот за контакт на My Aged Care и оценувачите. Исто така, можете да побарате информации во големи букви или во Браjoва азбука ако ги контактирате во My Aged Care
Национална служба за врски за лица со оштетен слух или говор
Лицата кои имаат оштетен слух или говор може да контактираат со My Aged Care преку Националната служба за врски со лица со оштетен слух или говор (National Relay Service) на три лесни начини:
- Посетете ја веб страната National Relay Service на www.communications.gov.au/what-we-do/phone/services-people-disability/accesshub/national-relay-service
- Одберете го посакуваниот пристап до NRS
- Дадете го телефонскиот број на My Aged Care – 1800 200 422
Ако имате оштетен вид, можете да пристапите до информациите преку My Aged Care и оценувачите на My Aged Care. Исто така, можете да побарате информациите да бидат отпечатени со големи букви или со Браjoва азбука ако се јавите во My Aged Care.