Колку плаќате за старосна издршка зависи од видот на помош која ви е потребна, обезбедувачот кој ќе го изберете, вашата финансиска состојба и од услугите кои ги примате.
Видот на такси и трошоци кои ќе мора да ги платите зависи од видот на негата за која сте оценети дека ви следува, како на пример:
Commonwealth Home Support Programme
Ако сте во можност да се справувате, но ви е потребна поддршка со неколку задачи, тогаш можеби имате право на субвенционирани услуги за поддршка преку Commonwealth Home Support Programme (CHSP.
Оваа програма има за цел да им помогне на оние кои имаат мала потреба од поддршка за да продолжат да живеат независно.
Доколку имате право на CHSP услуги, вие ќе треба да му платите на вашиот обезбедувач за услугите кои што ги примате по субвенционирана стапка, ако можете да платите. Не ви е потребна финансиска проценка, и има само една такса за една услуга и нема излезни трошоци. Обезбедувачите на услугите наплатуваат различни износи за нивните услуги.
Аранжмани за домашна нега
Аранжманите за домашна нега (HCP) се за лица со сложени потреби за нега. Ако ви е потребна постојана поддршка, можеби имате право на HCP.
Ако имате право на Аранжман за Домашна Нега, ќе треба да платите:
- Основен дневен надомест, или
- Основен дневен надомест и тестиран надомест за нега
- Може да се согласите да платите за дополнителна нега и услуги кои инаку не се вклучени во Аранжманот за Домашна Нега (Home Care Package)
Краткорочна нега
Краткорочната нега обезбедува услуги за одредено време. Постојат различни видови на краткорочна нега во зависност од вашите потреби, но сите имаат за цел да ви помогнат со секојдневните задачи кои ја враќаат или одржуваат вашата самостојност.
Ако имате право на краткорочна нега, тогаш ќе треба да платите дневен надомест. Трошоците кои ќе побараат да ги платите варираат во зависност од видот на краткорочната нега која ја добивате.
Домови за нега на стари лица
Дом за нега на стари лица (некогаш познат и како домашна нега или станбен објект за нега на постари лица) е за постари лица кои не можат повеќе да живеат дома и им е потребна постојана помош со секојдневните задачи или здравствена нега.
Ако имате право на дом за нега на постари лица, може ќе треба да платите:
- Основен дневен надомест, или
- Основен дневен надомест и сместување, или
- Основен дневен надомест и тестиран надомест за нега и сместување, и
- Дополнителна цена на услугата ако внесете дополнителна сервис соба, и
- За дополнителни услуги за кои сте се договориле со вашиот обезбедувач на старосна нега.
Проценувачи на надоместоци
Можете да ги користите нашите проценувачи на надоместоци на веб страната на My Aged Care на www.myagedcare.gov.au/fee-estimator да ви помогнеме да ги процените трошоците кои од вас ќе ги побара вашиот обезбедувач на Аранжманот за Домашна Нега или домот за домашна нега да ги платите.
Финансики совет
Можеби ќе сакате да се консултирате со финансиски советник во врска со вашите финансии. Постојат многу владини служби и ресурси на располагање за да ви помогнат да добиете соодветен финансиски совет. Добра идеја е да направите некои истражувања за да видите кои опции најдобро функционираат за вас.
Финансиски тешкотии
Ако сте загрижени дека можеби ќе имате потешкотии со плаќањето на трошоците за домашна нега, контактирајте ги My Aged Care за повеќе информации.
Услуги за комуникација
Службата за Преведување и Толкување (TIS) е достапна доколку ви е потребна помош или сакате да комуницирате на друг јазик од Англискиот.
За повеќе информации, обратете се до My Aged Care на 1800 200 422 (помеѓу 8ч. наутро и 8ч. навечер од Понеделник до Петок, или од 10ч. наутро до 2ч. попладне во Сабота).
Можеме да организираме преведувач да ни помогне да ви одговориме на вашите прашања.
Исто така можете да се јавите на TIS на 131 450. TIS покрива преку 160 јазика и е достапен 24 часа дневно, 7 дена неделно, за цената на локален повик.
TIS ќе организира преведувач да ви помогне да зборувате со My Aged Care.