Услугите на застапување обезбедуваат поддршка на правата на секој кој добива или бара услуги во врска со старосна нега. Овие услуги исто така го олеснуваат одлучувањето во врска со негата.
Застапникот е непристрасно лице кое може да ви помогне да ги разберете вашите права и истите да ги одбраните во рамките на системот за старосна нега. Ова подразбира водење сметка за вашето учество во одлуките кои ве засегаат вас, обезбедувајќи опции за исполнување на вашите потреби од старосната нега и да ви се помогне при решавањето на поплаките и грижите.
Застапникот стои покрај вас, работи во ваше име и по ваш налог за да ги претставува вашите желби. Тој/таа секогаш ќе побара ваша дозвола пред да преземе чекори или да зборува во ваше име.
Застапнички услуги
Застапничките услуги ги поддржуваат правата на секој кој прима или бара услуги за старосна нега, и им дава самодоверба на постарите лица да донесат информирани одлуки во врска со нивната нега.
Националната програма за застапување за старосна нега (National Aged Care Advocacy Program(NACAP)) на австралиската влада обезбедува бесплатна, доверлива, и независна застапничка поддршка на стари лица кои примаат или бараат да добиваат услуги за старосна нега кои се финансирани од владата, нивните семејства, и претставниците ширум Австралија. NACAP се спроведува од Мрежата за Застапување на Стари Лица (Older Persons Advocacy Network(OPAN)), со места во секоја држава и територија.
Што прави застапникот?
Застапникот за старосна нега може да ви помогне со многу работи, вклучувајќи:
- интеракција со системот за старосна нега
- преминување од еден на друг давател на услуги за старосна нега
- познавање и разбирање на вашите права
- донесување одлуки за негата што ја примате
- избор за подобро исполнување на вашите потреби од старосна нега
- решавање на грижи или жалби со вашиот давател на старосна нега во врска со услугите кои ги добивате
- разговор со вашиот давател на услуги според вашето упатство
- подобрување на вашите вештини и знаење за да се застапувате себеси.
Кој има пристап до застапничките услуги?
Секој кој прима или бара услуги за старосна нега финансирани од владата, вклучувајќи ги семејствата и претставниците, имаат право на пристап до застапничките услуги. Ова ги вклучува лицата кои:
- живеат во старечки домови
- добиваат старосна нега во својот дом
- добиваат преодна нега
- помагаат на некој кој прима старосна нега.
Пристапување до застапничките услуги
За да дознаете повеќе за застапничките услуги и како да пристапите до нив, посетете ја веб страната на OPAN на www.opan.com.au или јавете се на 1800 700 600.
Ако имате некоја попреченост, можете да најдете некој да ви помогне преку National Disability Advocacy Program (NDAP) на www.dss.gov.au.
Communication services (Услуги за комуникација)
Службата за писмено и усмено преведување (TIS) е достапна доколку ви е потребна помош или сакате да комуницирате на друг јазик од англискиот.
TIS службата нуди услуги на повеќе од 160 јазици и е достапна 24 часа дневно, 7 дена неделно, по цена на локален повик. TIS ќе организира преведувач да ви помогне да зборувате со OPAN.
- Јавете се на TIS National на 131 450
- Кажете му/и на операторот на кој јазик зборувате
- Замолете го преведувачот да се јави на OPAN на 1800 700 600 од 8 ч. наутро до 8 ч. навечер, од понеделник до петок.
Можете исто така директно да се јавите на OPAN на 1800 700 600 и замолете ги да ви обезбедат преведувач. OPAN ќе се јави во TIS за да ангажираат преведувач. Додека сте на линија можеби ќе треба да го почекате преведувачот, или можеби OPAN ќе треба да ви се јави назад кога преведувачот ќе биде достапен.